Oколу 70 отсто од храната во Србија се прска со разни хемикалии. Експерти велат дека на пример, јаболката се прскаат повеќе од 16 пати, додека светски стандард е 3 пати, јави РТС.

Сепак, во Србија земјоделците ќе мора во иднина да минат обука и да добијат сертификат за користење пестициди.
Според директорот на Институтот за заштита на растенија, Ненад Тркуља во Србија има 800 регистрирани пестициди.
Голем број на хемикалии и пестициди се наоѓаат на списокот на ЕУ за повторно испитување и се очекува дека голем број ќе бидат отфрлени од употреба. Трендот е воведување биолошки пестициди, или биолошки организми и нивните производи.
Според РТС, во Србија се прска со хемикалии секакво овошје – а најчувствителни производи се јагодите и црешите.