Квалитетот на воздухот е сè уште опасен во повеќето делови на Србија, а според веб-страницата iqair.com, Белград е трет град во светот според загадувањето, веднаш зад Пекинг и Загреб, објави денес српските медиуми.
Радомир Лазовиќ од здружението „Ne davimo Beograd“, изјави денеска на прес-конференција одржана пред Градското собрание дека годишно од 7000 до 12 000 луѓе умираат од загадување на воздухот во Србија, и дека градовите во нивната земја се изложени на голема количина на загадување меѓу 100 и 150 дена во годината.
„Се поставува прашањето за одговорноста. Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија управуваат со секторот за заштита на животната средина веќе 12 години и за тоа време тие не презедоа ништо за да ја променат оваа состојба“, потенцираше Лазовиќ, посочувајќи дека десетгодишната стратегија за справување со загадувањето во Белград била објавено дури вчера.
Лазовиќ го поставувапрашањето: „Што чекавте досега? Со овој сектор се занимавате 12 години и дури денес најавувате стратегија за решавање на овој проблем “.
„Што е со работните групи што се формирани? Што е со еко данокот? Каде се резултатите? Овие луѓе се целосно незаинтересирани за справување со проблемот со загадувањето на воздухот, освен како PR-тема. И поставуваме друго прашање – кој ги кажува невистините за загадувањето? Претседателот или заменик градоначалникот? Пораката на „Ne davimo Beograd“ е дека овој проблем може да се реши. Србија има знаење да го реши и намали овој проблем, за да можеме да живееме во здрав свет“, рече Лазовиќ.