Во Србија создадоа “глупав” мобилен телефон

од desk3
214 прегледи

Дизајнерското студио “Alter Ego Architects” од Нови Сад создаде “глуп” мобилен телефон. Станува збор за телефонот “OPhone”, кој е малку поголем од кредитна картичка и претставува комбинација меѓу напредна технологија и основните функции на мобилни телефони, пишува Startit.rs.

2111011216

Телефонот има E-ink екран кој заштедува од батеријата. Технологијата овозможува да го гледате екранот на вашиот телефон и при многу силна дневна светлина, без да мора да ја зумирате осветленоста.

“OPhone” има едноставен интерфејс, составен само од симболи и броеви, без никаков текст со идејата да биде независен од јазикот. Буквите се појавуваат само кога сопственикот на телефонот сака да испрати порака.

Важно! YouTube изненади со нова политика за повлекување на клипови

Според креаторите на “глупавиот” мобилен телефон од него може да искористат постарите луѓе кои не ги разбираат новите технологии, децата во училиште и сите кои се уморни од “најпаметните” телефони.