433
Припадниците на српското Министерството за внатрешни работи во Белград го уапсија О.Ж. (38) по кого е распишана потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело убиство на територијата на Република Македонија.
Постапката против О.Ж. е на барање на Министерството за правда на Македонија, а согласно Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, е префрлен на српските правосудни органи.
O. Ж. е изведен пред Вишиот суд во Белград.
Против лицето била распишана црвена потерница на Интерпол.