444
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија ја надмина бројката од три милиони полнолетни жители кои ја примиле вакцината против ковид-19.
„Благодарам на сите кои се заштитија себеси и сите други околу нив со овој чин, како и нашиот здравствен систем и покажаа одговорност и солидарност“, напиша премиерката Брнабиќ на Твитер.
Таа посочи дека вакцинацијата е единствениот начин да се победи вирусот.