Во страшните пожари во Алжир загинаа повеќе од 30 лица, температурите достигнаа 48 степени

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Најмалку 34 лица загинаа, а илјадници се евакуирани поради пожарите кои избувнаа ширум Алжир.

Меѓу загинатите има и десет војници кои помагале во гаснењето на пожарот во Беџаја, соопшти алжирското министерство за одбрана.

Избувнувањето на 97 шумски пожари е регистрирано во понеделникот во 16 провинции. Пожарот зафатил шуми, земјоделски култури и земјоделски површини, пишува Би-Би-Си.

Во северниот дел на Алжир температурите достигнуваат неподносливи 48 степени, додека температурите во неколку региони во Северна Африка се и до седум степени над просекот.

Слични содржини