Во Струга хоспитализирани 25 пациенти позитивни или суспектни на коронавирусот

од Andreja Salpe
345 прегледи

Во двата ковид-центри во Болницата во Струга хоспитализирани се 25 пациенти позитивни или суспектни на коронавирусот, од кои седуммина се на кислородна поддршка.

– Со цел сите граѓаните кои имаат потреба од услуги на Интерното одделение, кое беше ковид-центар, да ја добијат соодветната услуга, на располагање ја ставивме модуларната болница, каде во моментот се хоспитализирани 12 пациенти. Во ковид-центарот на Интерното одделение сместени се 13 пациенти, информира директорот на болницата Арменд Арслани.

Тој исто така, истакна дека хоспитализираните се во средно-тешка здравствена состојба, а двајца се во потешка.

Болницата располага со соодветен медицински кадар и преку ротации ги опслужуваат пациентите во модуларната болница, додаде Арслани

– Медицински кадар има доволно. Сите поминале обуки и имаат знаење во справувањето со пандемијата. Имаме зајакнување со инфектолог и доволно интернисти. Во ротациите за справување со коронавирусот се вклучени сите специјализанти и медицинските сестри, рече Арслани.

Слични содржини