223
Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутен недостаток на храна во светот е повеќе од двојно зголемен, на 345 милиони, од 2019 година поради пандемијата на ковид-19, конфликтите и климатските промени, објави Светската програма за храна (WFP).
Пред кризата со коронавирусот, 135 милиони страдаа од акутен глад во светот, изјави за „Ројтерс“ Корин Флајшер Ајшер, регионален директор на WFP.
Бројките се зголемија оттогаш и се очекува дополнително да се зголемуваат поради климатските промени и конфликтите.