Во Тбилиси приведени 50 демонстранти, полицијата употреби водени топови и солзавец

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Во текот на деветтата ноќ од протестите во Грузија, полицијата употреби водени топови и солзавец и интервенираше со специјални единици за да ги смири протестите, а демонстрантите повторно употребија огномет во насока на полицајците, пишува весникот „Грузија денес“.

Според грузискиот весник, демонстрантите се движеле низ центарот на градот.

Грузиската полиција соопшти дека 48 лица се приведени поради непослушност и вандализам, додека други двајца се уапсени под обвинение за учество во насилни групи, пренесе Интерфакс.