Во технолошкиот сектор отпуштени 242.000 луѓе годинава, LinkedIn најави откази

од Stefanija Kuzmanovska

Во технолошкиот сектор годинава веќе се отпуштени 242.000 луѓе, а нови отпуштања најави и калифорниската компанија LinkedIn, која ќе се раздели со 668 вработени. Во претходните месеци LinkedIn веќе отпушти 716 вработени, па вкупниот број на отпуштени оваа година се зголеми на 1.384, пренесува TechCrunch.

Порталот од сигурни извори дознава дека најголем дел од отпуштањата во LinkedIn, околу 563, ќе бидат во секторот за истражување и развој.

Компанијата со седиште во Санибел, Калифорнија во соопштение рече дека ќе обезбеди „целосна поддршка за сите засегнати вработени за време на оваа транзиција“.

„Мајкрософт“ го купи LinkedIn во 2016 година за над 26 милијарди долари, и оттогаш компанијата стана помалку транспарентна за своите финансии. Во извештајот за заработка на „Мајкрософт“ за целата фискална година за јули 2023 година, LinkedIn објави дека има повеќе од 950 милиони членови и повеќе од 15 милијарди долари приход, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини