„Во тек е можен симулиран напад“: Тајван подигнa авиони и ги активира ракетните системи на Островот

од Vladimir Zorba

Тајванските власти утринава објавија дека во саботата во Тајванскиот теснец биле откриени голем број кинески авиони и воени бродови кои учествуваат во воени вежби и дека е во тек можен „симулиран напад“ врз Островот, пренесе Си-Ен-Ен.

Властите во Тајпеј соопштија дека некои авиони и бродови ја преминале чувствителната „средна линија“ во теснецот, кој го дели Тајван од Кина.

– Нашата армија испрати предупредувања, ангажираше авиони и бродови и активираше ракетни системи, како одговор на оваа ситуација – соопштено е.

Кина сè уште не ја коментираше целта на воените вежби во сабота. Последната тензија доаѓа по серијата воени вежби што Кина ги спроведе по посетата на претседателката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси во четвртокот.

Слични содржини