Во тек спасувачка акција на околу 500 мигранти во близина на Крит

од Stefanija Kuzmanovska

Грција денеска започна голема спасувачка операција во близина на островот Крит, откако бродче за кое се верува дека превезувало околу 500 мигранти испратило повик за помош, откако изгубило контрола врз управувањето по лоши временски услови, соопшти грчката крајбрежна стража.

Крајбрежната стража соопшти дека операцијата за спасување била отежната од речиси олујните ветришта во морето јужно од Крит, објави „Ројтерс“.

Во спасувањето помагаат два товарни брода, една морнарица фрегата и еден танкер.

Поради силните ветрови и разбрануваното море, до утрово не било можно да се префрли ниту еден од мигрантите од бродчето, соопшти крајбрежната стража, пренесе АП.

Десетици илјади мигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка секоја година се обидуваат да стигнат до бреговите на Европа преку опасните морски патишта со небезбедни бродови и мали чамци.

Слични содржини