Во терористички напад во Сирија загинаа 28 лица (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Во терористички напад врз автобус во Деир ел Зор, Сирија, загинаа 28 лица, јави државната агенција САНА.

Автобус со цивили бил нападнат на патот Дале ел Зор-Палмира.

„Околу 16 часот, автобус на автопатот Деир ел-Зор-Палмира во близина на населбата Кабајеб, што се граничи со Ирак, беше нападнат од терористи. Во нападот загинаа 28 лица, а 13 беа повредени“, наведува агенцијата.

Нема повеќе детали за инцидентот во областа каде се наоѓа главно сириската армија и милициите поддржани од Иран, во близина на античкиот град Палмира.

Слични содржини