Во тешка сообраќајна несреќа загина познатиот музичар

од VIktor_P
5,8K прегледи

Мајкл Самлер, долгогодишен член на легендарната фанк и ар-ен-би група „Кул енд д генг“, загина во сообраќајна несреќа во округот Коб, во сојузната држава Џорџија. Тој имаше 71 година.

Несреќата се случила доцна навечер во саботата, неколку минути пред полноќ, кога возилото со кое управувал Самлер се судрило со друго на автопатот „Ветеранс Меморијал Хајвеј“, во близина на улицата „Бакнер Роуд“. Како што пренесуваат американските медиуми, тој починал на самото место.

Познат во музичката индустрија под прекарот „Чикаго Мајк“, Самлер беше препознатлив по својата енергија и способноста да ја раздвижи публиката. Со „Кул енд д генг“ настапуваше повеќе од три децении, а освен што беше синоним за добра атмосфера на сцена, зад сцената беше ментор на многу млади музичари.

„Тоа беше тежок удар. Како, не, не, не Мајк. Тој беше мостот меѓу инспиративните уметници и музичките легенди. Секогаш весел, секогаш љубезен, секогаш се грижеше сите околу него да бидат добро“, изјави Адријан Микс од „Сонг Соурс Мјузик Груп“.

Слични содржини