Во тетовско за седум месеци санкции за 1.038 лица кои управувале возила без положен возачки испит и валидна дозвола

од Vladimir Zorba
203 прегледи

За седумте месеци од годинава евидентирани се 1038 лица кои ги управуваат возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, бележи СВР Тетово за тетовското подрачје. Само во текот на вчерашниот ден санционирани се седум возачи за истата причина.

Сите биле исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, како и на сопствениците на возилата кои им ги дале на управување, иако знееле дека немаат возачки дозволи.

-Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел посебно до младите, да не седнуваат зад волан без претходно да посетувале законски предвидена теоретска и практична обука и без положен возачки испит бидејќи на тој начин ја доведуваат во прашање, пред се сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, без разлика дали станува збор за патничко, товарно, мотоцикл или друго возило, порача портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Паричните глоби за овој вид сообраќаен прекршок изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.

Слични содржини