Во тоалет во штипскиот затвор пронајден обесен сопственикот на „Фиком“

од desk3
126 прегледи

Од Управата за извршување санкции за државната агенција МИА утрово потврдија дека Никола Николиќ, сопственикот на „Фиком“, е пронајден обесен во штипскиот затвор.

7_filip_fikom
Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Николиќ, беше затворен поради тоа што продаваше исти станови од зградата во скопската населба Кисела Вода на повеќе граѓани.

Aдвокатoт Александар Петровски  изјави дека му било кажано од затворот во Штип дека се самоубил неговиот клиент, Никола Николиќ- Фиком, кој е познат по аферата станови- препродажба на еден стан на повеќе луѓе.

Фиком, според она што му било кажано на адвокатот Петровски, се обесил во затворскиот тоалет.

Имал одлежено 9 години затвор, од пресудените 15 години и наскоро требал да излегува на викенди, за што, според зборовите на адвокатот, бил многу среќен.