208
– На 01.09.2024 во 13:35 часот во Полициската станица Велешта било пријавено дека настанал пожар во три авто плацеви во с.Велешта, струшко.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во авто плац сопственост на А.Х.(59) од с.Велешта биле опожарени осум патнички возила во возна состојба и 20 неисправни возила, во плац сопственост на П.Х.(39) од с.Велешта биле опожарени околу 80 исправни и неисправни возила, додека во авто плац сопственост на А.Р.(51) од с.Велешта биле опожарени пет возила во возна состојба и еден четирицикл.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид, а повредени лица нема, информираат од МВР.