Во Центар бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници

од Берта Китинска
141 прегледи

По повод претстојните новогодишни празници од општина Центар информираат дека на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот.

-На 01.01.2021 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ.Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2021 година (сабота) со вообичаено работно време.За време на Божиќните празници на 06.01. (среда) и 07.01.2021 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2021 година (петок) со вообичаено работно време.Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, велат од општина Центар.

Слични содржини