Во центарот на Подгорица зголемено присуство на полицијата

од Milan1
247 прегледи

Во пресрет на денешниот почеток на собраниската седница, во центарот на Подгорица, во близина на седиштето на извршната власт и зградата на парламентот, присутни се полициски службеници, но и пожарникари, пишува подгорички Вијести.

Иако властите во Црна Гора изминатите денови изјавија дека нема информации за можни немири за време на седницата, на чиј дневен ред е и изгласување недоверба на актуелната влада на Здравко Кривокапиќ, подгоричка Побједа тврди дека такви информации имал и шефот на АНБ, Дејан Вукшиќ , но не го сподели со колегите од јавната полиција.

Подгоричкиот весник тврди дека Вукшиќ бил информиран дека неколку навивачки и екстремистички групи наводно се подготвувале да предизвикаат немири во Подгорица денеска, поради извесниот пад на владата и дека прикривањето на оваа информација може, како што велат, „да ја доведе Црна Гора во немири со несогледливи последици“.

Слични содржини