Во Црна Гора забранети одредени српски емисии

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Црногорската агенција за електронски медиуми во саботата забрани емитување на одредени програмски содржини на српската телевизија „Хепи“ поради навреди на Црногорци и пратеници во црногорскиот парламент.

Телевизијата „Хепи“ е национален медиум во Србија, а во Црна Гора се емитува преку кабелски оператори.

Со одлука на Советот на црногорската агенција за електронски медиуми, на црногорскиот пазар се забранети емисиите „Добро утро Србија“, „Викенд“, „Утро“, „Кирилица“ и „После ручек“.

Претседателот на Српската радикална партија и хашки осуденик Воислав Шешељ, за време на гостувањето на телевизија „Хепи“ на 4 јануари, ги навредувал жените од старата црногорска престолнина Цетиње и пратеничката на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ.

Навредите на Шешељ предизвикаа бројни реакции кај политичките партии и невладините организации во Црна Гора, а СДП најави и тужба против ТВ „Хепи“ за навреди за време на говорот на Шешељ.

Слични содржини