Турција минатата година ја посетиле 51,4 милиони туристи при што е остварен рекорден приход од 46,3 милијарди долари, соопшти денеска Министерството за култура и туризам на Турција.
Како што се наведува, земјата лани примила 51,4 милиони туристи, што е блиску до апсолутниот рекорд постигнат во 2019 година, кога изнесувал 51,8 милиони. Со овие резултати Турција стана трет по големина туристички пазар во светот, јави Анадолија.
„До крајот на 2022 година, бројките за глобалниот туризам закрепнаа за 65 отсто во споредба со времето пред пандемијата, но Турција речиси ги достигна своите бројки пред пандемијата. Во 2022 година, турските приходи од туризмот ќе достигнат рекордни 46,3 милијарди долари, со зголемување од 19 проценти во споредба со 2019 година“, изјавил министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.
Министерот е убеден дека Турција ќе донесе 90 милиони туристи во 2028 година и ќе достигне 100 милијарди долари приход од туризмот.