19
Во Истанбул денеска се уапсени 55 лица под обвиненија за навреди кон претседателот Ердоган, прекршување на забраната за собирања и непочитување на полицијата, јави „Анадолија“.
Апсењата започнаа рано утринава по налог на Главното обвинителство, кое идентификуваше 41 осомничен од протестите во Сарачхане, а подоцна беа приведени уште 14 лица.
Вицепремиерот Џевдет Јилмаз и претставници на претседателството ги осудија навредите кон Ердоган и неговото семејство.
И покрај забраните, масовни протести се одржаа во повеќе градови поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и членови на опозицијата. Од 19 март досега се приведени над 1.100 лица, а над 100 полицајци биле повредени во судирите.