Обезглавени тела на сириски активисти кои се противат на терористичката организација Исламска држава и негов пријател биле откриени во јужниот турски град Санлиурфа, пренесува “Франс прес”.

430x330

20-годишниот Ибрахим Абдул Кадер и неговиот пријател Фарес Хамад “биле најдени обезглавени во домот на Хамад утринава”, објави Абу Мохамед, основач на интернет група која ги документира злосторствата на “Исламскаа држава”.
Според Абу Момадед, двајцата мажи биле од сирискиот град Рака кој џихадистите го прогласија за своја престолнина.

Абдул Кадер избегал во Турција пред скоро една година. Членовите на активистичката група биле убивани порано во Сирија, но за првпат активист е убиен надвор од Сирија, додава Абу Мухамед.

Турција одамна ја обвинуваат активисти на сириската опозиција, курдски борци и понекогаш дури и западни партнери, дека им овозможува на членовите на “Исламската држава” да ја поминат непречено 911-километарската граница со Сирија.

Слични содржини