Во Турција затворени се гласачките места на кои грашаните бираат нов состав на Парламентот на најважните избори во последните неколку години, со оглед дека државата се соочува со крвави напади на џихадистите и обновениот конфликт со Курдите.
Вкупно 54 милиони граѓани имаат право на глас, а според наводите, одзивот на гласачите е голем.
Гласачките места утрово во пет часот по средноевропско време беа отворени на истокот на Турциија, односно во седум по локално, а на западот на земјата еден час покасно.
Првите официјални резултати се очекуваат пред 19 часот.
Ова е втор пат во последните пет месеци граѓаните на Турција да излезат на парламентарни избори, во надеж дека тие ќе им донесат стабилност.
На јунските избори владеачката Партија за правда и развој го загуби мнозинството, така што претседателот Реџеп Таип Ердоган распиша нови избори бидејќи премиерот Ахмет Давитоглу не формираше коалиција со ниту една од трите опозициски партии кои се застапени во парламентот.
Турците денес гласаат за нов состав на 550-члениот парламен во многу осетлив момент за Турција. Клучниот западен сојузник кој се соочува со растечка нестабилност во соседна Сирија и Ирак, како и со бегалската криза која се прелева во Европа.
Анкетите покажуваат дека партијата на Ердоган има поголема поддршка од пред изборите во јуни,но тоа и натаму е недоволно за да може сама да формира влада.