158
Во Турција, како дел од борбата против коронавирусот, здравствените работници и луѓето постари од 50 години започнаа да ја примаат третата доза на вакцина против Ковид-19.
Граѓаните, по истекот на рокот, одат во здравствените домови и болници во Едрене, Киркларели и Текирдаг во Тракија, каде примаат вакцини.
Поради големиот интерес на граѓаните, повремено има гужви, пренесе „Анадолија“.
Вработениот во болницата Киркларели, Севги Озиксел, за агенцијата изјави дека се многу среќни што имаат право на трета доза.
„Многу е убаво што беше воведена третата доза, го очекувавме тоа. Затоа што веќе ги достигнавме летните месеци и уморни сме. Сега се чувствувам побезбедно“, рече таа, пренесува Танјуг.