Во училиштата во Белград се откажува наставата

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

По масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ утрово, училиштата во Белград почнаа да ја откажуваат попладневната настава, јавуваат родители за N1.

Поради трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во попладневните часови нема да има настава во основните и средните училишта во Белград, потврдија за РТС од министерството за образование.

Во училиштата ќе има само дежурен персонал.

Потсетуваме, во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград – ученик пукаше во ученици, наставник и обезбедување. Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека загинале осум ученици и еден член на обезбедувањето, како и дека се ранети шест деца и еден наставник.

Слични содржини