Во Украина досега се убиени 12 новинари

од Nikola Popovski
223 прегледи

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова објави дека дванаесет новинари во Украина се убиени од почетокот на рускиот напад врз нивната земја.

– Да се зборува за вистината за агресијата на Путин е смртоносна – досега се убиени 12 новинари, објави Ирина Венедиктова на својот Твитер профил.

Таа додаде дека меѓу нив има и американски, ирски и руски новинари.

Обвинителката изјави и дека се ранети уште десет.

Во досегашниот тек од војната, нападнати се најмалку 56 претставници на медиумите, меѓу кои 15 странци.

-Нападнатите странски новинари биле од Британија, Чешка, Данска, Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и САД, напиша таа.

Слични содржини