Во Украина работат само 27 отсто од термоелектраните

од Nikola Popovski
600 прегледи

Премиерот на Украина Денис Шмихаљ денеска изјавил дека моментално работат само 27 отсто од украинските термоелектрани.

„Ситуацијата во енергетскиот сектор е многу тешка, тоа е очигледно. Русија уништи 50 отсто од нашиот капацитет за производство на електрична енергија“, информирал Шмихаљ, пренесува „Униан“.

Според него, уништени се 42 енергетски блока.

Шмихаљ истакнал дека 27 отсто од големите термоелектрани се во функција, а 73 отсто се уништени или оштетени така што во моментов не работат.

Тој додал дека Украина работи на реконструкција со цел да започне што е можно поголем капацитет за производство на електрична енергија пред грејната сезона, како и на зголемување на увозот на струја од ЕУ.

Слични содржини