Судот во Узбекистан денеска прогласи 23 лица за виновни за смртта на 68 деца во врска со употребата на сируп за кашлица произведен од индиската компанија „Мерион Биотек“.
Директорот на филијалата на компанијата во Узбекистан, Синг Раги Пратар е осуден на 20 години затвор.
Судот одлучи семејствата на секое од 68-те деца кои починаа поради употреба на сирупот да добијат отштета од 80.000 долари.