Невообичаено топлото време на 15 февруари се покажа како погодено за плажа во Варна, Бугарија.
Првите ентузијасти дури се соблекоа за капење.

“Водата е ладна, но сепак се навикнуваш и потоа станува супер”, вели Емилија Маринова.
Просечната дневна температура во февруари во Варна е 7 степени, а на полноќ на 15 февруари беше 12.
Наместо вообичаените зимски игри, децата денес си играа со лебедите на плажа.

На ручек на морскиот брег температурата стигна до 20 степени, но морската вода се уште е прилично ладна – околу 7 – 8 степени.
Максималните температури на овој ден во Варна достигнаа 20,2 степени, кои последен пат биле измерени во 1958 година.