Во Варшава, Романија ќе добие подобрен план за непредвидени ситуации

од Vladimir Zorba
113 прегледи

 

 

 

Неколку дена пред средбата на врвот на НАТО имаме потврда од сојузниците дека Романија нема да се врати од Варшава со празни раце: ќе имаме подобрен план за одбрана. Нешто кое не изгледа како голема работа во споредба со батаљоните кои претстои да бидат распоредени на територијата на Полска и во балтичките земји, но не и мала работа ако се има во предвид дека пред две години немавме никаков план. Нешто кое кажува многу за начинот за кој во пракса се развиваат нештата внатре во НАТО и пред какви тешкотии треба да се исправи Романија.натоо

Во изминатите десет години од приклучувањето кон НАТО; и до средбата на врвот пред две години во Велс, Романија беше членка на алијансата само со соето име. На Романија и на Бугарија им беше одбиен детален план за успешна одбрана (тнр. план за непредвидливи ситуации) затоа што политичките лидери во НАТО не сметаа дека двете земји имаат потреба од такво нешто. И полјаците и балтијците не располагаа со таков план до 2010 година, но дознавме од телеграмите од Викиликс тие биле во фаза на формирање и вклучувале девет дивизи на НАТО и значаен број борци и напаѓачки бродови, воздушна поддршка и тн.

Полјаците се членки на НАТО од 1997 година, значи и тие чекале доста долго време додека НАТО одлучил да направи планови за одбрана. Како се објаснуваат тие задоцнувања? Просто кажано, со политичка директива. Од 1991 наваму, апсолутниот постулат, мантрата, повторувана по неколку пати на ден од целото западно раководство на надворешната политика од Белата куќа до Берлин преку Брисел – беше дека „Русија не претставува закана“. Немаше никакво значење што источните земји обрнуваа предупредуваа дека нештата се сосема поинакви, па дури и неутрални, но земјите кои беа запознаени со тој проблем како што е Финска, дискретно даваа силни сигнали.

Тогаш прокламираниот принцип дека „Русија не претставува закана“ беше примен како стратешка активност. Потоа НАТО се најде во невозможна ситуација. За да правиш планови за непредвидливи ситуации за источните земји, треба како алијанса да идентификуваш потецијален агресор од кој се браниш, и затоа што во регионот друг потенцијален агресор освен Русија, не постои, па НАЅО беше должна да направи планови за одбрана, да ја земе во предвид можната руска агресија. Но ако еднаш се прифати таквата претпоставка, тоа би значело дека НАТО сепак дозволува дека Русија може да претставува закана, што противречи на официјалната политичка линија.

Од таа причина, во изминатите десет години источните земји беа оставени без планови за одбрана. Дури во 2009-2010 година по руската агресија на Груија во 2008, полјаците и балтијците успеаја да ги убедат сојузницие сепак да ги подготват тие планови. Кога Романија побара сличен третман, НАТО одговори дека не постои никаква закана на адреса на Романија – небаре Грузија се наоѓа на Балтичкото море.

Се зборува дека на Богдан Ауреску (во тоа време државен секретар во министерството за надворешни работи) му требале две години преговори додека добил согласност од НАТО за подготвување на такви планови за одбрана, коие беа одобрени во пролетта 2014 година., пред средбата во Велс, и претпоставуваме дека дури и Ауреску не беше сигурен дека тие преговори требаше да бидат успешно завршени ако русите не тргнаа на Украина и не го анкетираа Крим.

Сега две години подоцна, имаме потврда дека ќе добиеме „награден“ план. „Награден“ во однос на што? Очигледно на променатата природа на постоечките закани. Ако земеме во предвид дека на сојузниците им требаа 20 години да ја прифатат очигледната реалност од руската закана, резултатите не се за потценување. На крајот, натовските стратегии почнуваат да се адаптираат брзо кон реалноста, без веќе да бидат заобиколувани од апсурдни „идеолошки“ принципи. Тоа е добрата страна на новоста. Лошата е, дека ако НАТО чувствува потреба да ги надградува плановите за одбрана на Романија, тоа значи дека од другата страна русите се движат многу брзо на Крим, каде ги прават сопствените „надградби“.

Романскиот проект за военоморска соработка меѓу земјите со излез на рното море, беше поткопан од неприфаќањето од бугарскиот премиер Бојко Борисов и сега виси на конец. Многунационалната копнена нригада која Романија предложи да ја оформи и раководи, е нешто многу добро а хартија, но засега му недостасува „многунационалниот“ елемент, затоа што многу малку од сојузниците потврдија дека сакаат да учествуваат.

Подобрениот план за непредвидени ситуации треба до некоја мера да го компензира дисбалансот кој се извлекува меѓу решенијата донесени од НАЅО за одбрана и охрабрување во Полска и во балтичките земји, и оние кои и се предвидуваат на Романија. Но важно е да видиме дека ќе бидат преземени конкретни мерки во следните години од сојузниците, на прво место спрема Романија, затоа што во однос на Бугарија веќе се изјаснивме во кој камп игра.

Романија либера – Букурешт