Во вчерашната експлозија во Турција оштетени 15.000 тони жито

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Околу 15.000 тони жито се оштетени во експлозијата во силосите во близина на пристаништето Деринзе во северозападна Турција, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

„Експлозијата се случи вчера поради компресија на прашина од пченица при префрлање на пченицата од бродот во силосите“, изјави гувернерот на провинцијата Коџаели, Седар Јавуз.

„Ројтерс“ наведува дека не е прецизирано за кои житни култури станува збор.

Во експлозијата во силосите на Турската управа за жито (ТМО) оштетени се 13 од 60-те тамошни силоси, а 12 лица се повредени.

Силосите на ТМО во пристаништето Деринја имаат капацитет за 95.000 тони жито, а при експлозијата биле складирани 75.000 тони, се вели во соопштението на ТМО, во кое се додава дека според првите проценки, околу 20 отсто од магацинот бил оштетен.

Слични содржини