Во Велес и Кавадарци измерени 43 степени

од Milan1
15 прегледи

Со измерени 43 степени денеска најтопло било во Велес и Кавадарци, соопшти УХМР. 42 степена биле измерени во Демир Капија, 41 степен во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, и Гевгелија.

Во Битола, Штип и Струмица измерени се 40 степени.

По 39 степени се измерени во Тетово и Виница, 37 во Прилеп, 36 во Охрид и Крива Паланка, 35 Претор, 34 Берово, 31 степен во Крушево, Маврови Анови, 30 во Лазарополе, а најсвежо било на Попова Шапка со измерени 25 степени.

До крајот на денот според најавите ќе биде сончево и многу топло со слаб западен, а во северните делови умерен северен ветер.

Во текот на ноќтa ќе преовладува ведро време, вдолж Повардарието со слаб до умерен северен ветер.

Слични содржини