Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови од Англија во понеделник и вторник следната недела, кога температурите би можеле да достигнат рекордни вредности, пренесе „Танјуг“.
„Исклучителни, можеби рекордни температури најверојатно ќе има во понеделник, а потоа повторно во вторник“, објави службата на својата веб-страница, извести „Ројтерс“.
Исто така, беше наведено дека во Британија „ноќите исто така веројатно ќе бидат исклучително топли, особено во урбаните области“, што најверојатно „ќе има влијание врз луѓето и инфраструктурата“.
Највисоката температура некогаш забележана во Британија била 38,7 степени Целзиусови, а била забележана во Ботаничката градина на Универзитетот во Кембриџ на 25 јули 2019 година, пренесува „Ројтерс“.