272
Тестовите за антитела во Велика Британија ќе бидат достапни за јавноста како дел од новата владина програма чија цел е да дознае повеќе за тоа колку луѓе имаат природна заштита по инфекција со коронавирус, пишува Би -Би -Си.
На илјадници возрасни ќе им се нудат тестови секој ден.
Може да се приклучи секој постар од 18 години кој ќе има ПЦР -тест од вторник натаму.
Од оние кои се позитивни, 8.000 ќе добијат два сета тестови за антитела и ќе можат да ги направат дома.
Министерот за здравство Саџид Џавид рече дека учеството ќе биде брзо и лесно.
Првиот тест се изведува со боцкање прст и треба да се изврши што е можно поскоро по позитивен резултат.
Другите ќе бидат земени 28 дена подоцна и ќе се измерат антителата како одговор на инфекцијата.