Во викендицата на Вељко Беливук пронајдени остатоци од човечко тело: Се сомнева дека припаѓаат на фитнес-тренер кој исчезнал пред 5 месеци!

од Nikola Popovski
364 прегледи

Српските истражители наводно пронашле докази дека Јово Кецман (51) бил убиен од криминална група создадена од Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

Полицијата откри остатоци од човечко тело, за кои се сомневаат дека му припаѓа на Јова Кецман (51), фитнес инструктор, кој исчезнал на 24 септември 2020 година во Мали Мокри Луг во Белград, и за кој се сомнева дека е една од жртвите на кланот на Вељко Беливук, ака „Веља Неволја“, дознава српски „Курир“.

Како што открива нашиот извор, во тек е експертиза за ДНК, која треба со сигурност да потврди дали се пронајдени остатоците на Кецман.

– На една од локациите детално се пребаруваше по апсењето на криминалната група предводена од Вељко Беливук и Марко Миjковиќ, пронајдени се остатоци за кои се сомнева дека припаѓаат на тренерот што исчезнал. Од членовите на неговото семејство била земена ДНК со цел да се спореди со пронајдените докази – открива изворот на Курир.

Од првиот ден, истражителите се сомневале дека тимот на Веља Неволја стои зад исчезнувањето на Кецман. Белграѓанинот изгубил трага кога, според семејството, отишол да се сретне со друго лице. Како што рекле, кога последен пат излегол од куќата, тој не го зел мобилниот телефон со себе, но понел 16.000 евра. Како што претходно изјавил за Курир неговиот татко, Јово подигнал кредит и позајмил дел од парите, но тој не му кажал зошто.

– Интересно е што Кецман некогаш беше тренер на манекенката Дејана Живковиќ, поранешна невенчана сопруга на Јован Вукотиќ, наводниот водач на Шкаљарскиот клан – додава соговорникот.

Да потсетиме, кланот на Беливук и Миљковиќ се осомничени за киднапирања, трговија со дрога, поседување оружје, но и убиство на Милан Лепоја, Горан Велишковиќ и Здравко Радојевиќ.

Слични содржини