Во Вила Водно остварена средба Пендаровски-Бучковски

214 прегледи

Претседателот, Стево Пендаровски информираше на својот фејсбук профил дека денес остварил средба со специјалниот претставник од Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

Имено, за текот на разговорите за решавање на македонско-бугарскиот спор денеска ме информираше Владо Бучковски, специјалниот претставник на Владата за ова прашање, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.

Инаку претходно, Бучковски посочи дека со неговото именување, Владата испратила сериозен сигнал за добрососедските односи и дека Македонија сака да најде заедичко решение. Исто така потенцира дека чудата се можни, но само со добра воља на граѓаните.

Пендаровски пак, денес порано информираше дека е одбиена можност да бидеме дел од европската економска зона.

„Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Северна Македонија, добивме понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска зона, јас веднаш ја одбив оваа понуда затоа што овој тип на размислување е катастрофален на долг рок“, изјави денеска на конференцијата претседателот Стево Пендаровски.

Слични содржини