Во воздушниот напад на Бејрут згинаа најмалку 12 лица, меѓу нив и команданти на Хезболах

од Илинка Илиоска
24 прегледи

Во денешниот израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут загинаа најмалку 12 лица, додека 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, соопшти Министерството за здравство на Либан. Според портпаролот на израелската армија, Авичаи Адраи, во нападот биле убиени и неколку команданти на Хезболах, вклучително и Акил. Либанската група Хезболах сè уште не дала официјален коментар за настанот.

Нападот се случи во време на голем сообраќаен метеж, кога луѓето се враќале од работа, а учениците од училиште. Здравствените власти на Либан потврдија дека меѓу жртвите има и деца. Операциите за отстранување на урнатините продолжуваат.

Овој израелски напад е одговор на ракетните напади на Хезболах врз северен Израел. Тензиите во регионот се зголемија, особено по заканите на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, за одмазда поради неодамнешните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.

Слични содржини