Во земјите од Западен Балкан забележан најголем пад на илегалните преминувања

од Milan1
8 прегледи

Стапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад од 64 проценти е забележан на рутите што минуваат низ Република Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои водат кон Европа, се вели во соопштението на Европската агенција за гранична заштита, Фронтекс, а тоа е за речиси 33.600 пристигнувања помалку во првите три месеци од годинава.

-Додека моделите на миграција се под влијание на мешавина на фактори кои се движат од временски услови до конфликти, се чини дека податоците укажуваат на продолжување на трендот на намалување забележан во 2024 година, кога бројот на нередовни гранични премини во Европа се намали за 38 отсто во споредба со претходната година, рече Џудит Сандерленд од Хјуман рајтс воч.

Организацијата е меѓу групите за човекови права кои тврдат дека тактиките за одвраќање и затворањето на границите на ЕУ ги ставаат мигрантите во позиција да се упатат кон Европа преку поризични рути, вклучително и преку Средоземното Море, пишува „Гардијан“.

Во исто време, ЕУ склучи неколку договори за мигрантите со земји надвор од Европа, како Либија и Тунис.

Слични содржини