(ВО ЖИВО) Започнува мисијата „Артемис“

од Vladimir Zorba
276 прегледи

НАСА денес врти нова страница во историјата на вселенското истражување. Со првото пробно лансирање на ракетата SLS (Space Launch System) и капсулата Орион, официјално ќе биде лансиран проектот „Артемис“, во чии рамки човечките посади треба да се вратат на Месечината.

Денешното лансирање од Кејп Канаверал во Флорида ќе го следат во живо околу 200.000 луѓе, а вие можете да им се придружите од удобноста на вашиот дом. НАСА организираше пренос во живо, кој започна во 12:30 часот по наше време.
Двочасовниот „прозорец“ за лансирање се отвора во 14:33 часот. Временските услови за лансирање засега се поволни.