Два „облачни“ леопарди кои се загрозен вид, се родија во почетокот на месецот во зоолошката градина во Мајами, соопштија од управата на зоолошката градина.
Бебињата леопарди се чуваат далеку од очите на посетителите, за да се избегне стресот кој би им бил предизвикан. И двете се женки, родени се на 9 март и се во посебна просторија со мајка си, за да се чувствуваат комотно и да се создаде врска меѓу неа и нив.
Мајката на двете новороденчиња леопардчиња од овој редок вид е “Сарај”, а таткото “Раџаси”. И двајцата се родени во 2011 година во американски зоолошки градини. Двете мали леопардчиња се чувствуваат добро и веќе имаат крзно со типичен колорит за расата – светла длака, посеана со големи темни дамки, потсетувајќи на облаци поради кои излезните леопарди се нарекуваат уште облачни (Neofelis nebulosa).
Овие претставници на семејството мачки се релативно ситни и многу лесни – тежат околу 20 килограми. Природното живеалиште им е јужна Кина, Тајван и Малезија, но уништувањето на шумите и ловот ги прават загрозен вид.