Водачот на антимонархистичката група ослободен од притвор по крунисувањето на Чарлс Трети

од Nikola Popovski
236 прегледи

Лидерот на антимонархистичката група „Република“ Греам Смит и другите нејзини членови беа ослободени од притвор неколку часа по крунисувањето на британскиот крал Чарлс, по што се постави прашањето дали е одмерена реакцијата на полицијата.

Полицијата вчера го приведе Смит и уште 51 лице во центарот на Лондон, додека илјадници приврзаници на монархијата вчера се собраа на улиците по повод крунисувањето на британскиот крал, јави Ројтерс.

Полицијата соопшти дека нивната должност да спречат немири го надминува правото на протест.

„Република“ објави дека приведените членови почнале да се ослободуваат доцна вечерта во саботата, откако поминале речиси 16 часа во притвор.

– Само што излегов од полициската станица. Да нема забуни – повеќе нема право на мирни протести во Велика Британија. Многупати ми кажаа дека монархот е тука за да ги брани нашите слободи. Сега нашите слободи се на удар во негово име, напиша Смит на Твитер.

Полицијата претходно објави дека ја разбира загриженоста на јавноста по апсењата, но додадоа дека дејствувала откако добила информација дека демонстрантите се решени да ја нарушат поворката за време на крунисувањето.

Слични содржини