Водата е безбедна за пиење стои во извештајот на ЈП „Водовод и канализација“

344 прегледи

Објавен е извештајот од страна на ЈП „Водовод и канализација“ за квалитетот и безбедноста на водата за пиење и согласно добиените резултати од испитувањата на сите земени примероци кои одговараат на Правилникот за барања и безбедност и квалитет на водата за пиење.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.12.2020 до 31.12.2020 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во град Скопје“, се вели во соопштението од јавното претпријатие.

Од ЈП „Водовод и канализација“ посочија дека анализата ја спровел Скторот за санитарна контрола, која впрочем е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Слични содржини