Водата во Струга да не се пие поради заматеност

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Водата од градскиот водовод во Струга не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга.

Според информацијата забраната за пиење на водата е поради заматеност предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот.

„Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода од водоводот до следното известување“, стои во информацијата на Јавното претпријатие.