Водителка голтна мува за време на пренос во живо: „Дајте ѝ награда на жената“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Канадската водителка на Global News, Фара Насер, голтна мува за време на пренос во живо.

За неколку секунди таа брзо го расчисти грлото и продолжи да ги чита вестите, пишува Huffpost.

Минатиот месец, премиерот на Онтарио Даг Форд проголта пчела за време на телевизиска прес-конференција.

Насер напиша на Твитер: „Споделувам затоа што на сите им треба смеење деновиве. Излезе дека не е само Форд, туку и јас денес голтнав мува“.

„Почувствував треперење во грлото додека го завршив воведот“, изјави таа во интервју за Си-Ен-Ен.

Нејзините колеги, водители на Си-Ен-Ен, Виктор Блеквел и Алисон Камерота, изјавија дека таа ја заслужила престижната награда за вести.

„Дајте ѝ награда на таа жена сега!“ изјави Камерота.

Гледачите ја пофалија водителката и и порачаа дека целата ситуација „ја поднела како шампион“.