295
Водителката на дебатата за кандидатката за премиерка на Велика Британија Лиз Трас, Кејт МекКен, се онесвести за време на пренос во живо.
Камерата во тоа време била на кандидатката Трас, но додека таа одговарала, се слушнал силен тресок и Трас веднаш извикала „О Боже“ пред да ѝ пријде на водителката.
Loud crash halts next PM debate as Liz Truss shouts “oh my god” pic.twitter.com/PLIAEGNxap
— The Mirror (@DailyMirror) July 26, 2022
Емитувањето потоа беше прекинато, а медиумот на кој се водеше дебатата објави дека водителката се онесвестила во етерот, но нејзината состојба е стабилна. Сепак, тие нема да продолжат со емитување поради, како што велат, лекарска препорака.
„Им се извинуваме на гледачите и слушателите“, наведоа тие.