Водопад во Перу зеде јужнокорејска жртва

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Перуанската полиција откри јужнокорејски љубител на селфиња на седум метри длабочина под водопад во амазонската џунгла, пренесе АФП.4929050

Неговото тело беше извлечено неколку дена откако пропадна по 500-метарската падина на водопад во североисточниот дел на Перу во петокот.

Во операцијата за пронаоѓање на 28-годишниот Ким Џонг Јоб учествуваа нуркачи и планински спасувачи.

“Туристот е пронајден мртов на седум метри длабочина во езерото во кое истекува водопадот Гокта”, објавија властите.

Водопадот Гокта е поделен на два дела, горниот е со височина од 230 метри, а следниот – 541. Тој е и еден од најпопуларните атракции во Перу. Интересно е дека водопадот станува популарен само од 2006 година. Според локалните легенди таму владее проклетството на прекрасна сирена која живее во водите. Тетката на Ким ќе го транспортира телото во главниот град Лима, каде тоа ќе биде кремирано, потоа правот на несреќниот турист ќе замине за Јужна Кореја.

Минатата недела 51-годишен германски турист загина по пад од 200 метри. Малку пред тоа тој позирал за фотографија на планината од најпопуларниот археолошки локалитет во Перу – Мачу Пикчу.