„Водовод“ работи на расчистување на атмосферската канализација по невремето

од Nikola Popovski
216 прегледи

Екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје, по големото и силно невреме кое го зафати градот Скопје, се на терен за расчистување на сливниците и шахтите, со цел нормална функционалност на атмосферската канализација.

„Со спроведување на активности од страна на екипите на претпријатието, ќе се продолжи се додека не се овозможи нормална функционалност на атмосферската канализација во сите делови на градот“, велат оттаму.

Во главниот град многу улици се под вода, а ветерот уриваше дрвја и носеше покриви. Неколку автомобили беа заглавени во вода.

Градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на градот.

Слични содржини