347
Нападот на Русија врз Донбас не оди според планот и битките во регионот би можеле да завршат за две до четири недели, изјави воениот експерт Мајк Мартин.
Професор на Кралскиот колеџ во Лондон изјави за Би-Би-Си: „Русите ќе останат без војска, а Украинците ќе извршат контранапад. Тие ги повлекоа сите сили од Киев и се обидоа да ги организираат за битка на истокот“, рече Мартин.
-Но, не очекуваа толкав отпор и полууништените пристигнаа на исток.
Тој верува дека британската министерка за надворешни работи Лиз Трас греши кога вели дека војната ќе продолжи уште десет години.
„Руските сили ќе паднат многу порано“, оценува воениот експерт.