Воен професор: Новата нуклеарна бомба ќе “удри” по самите САД

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Плановите на САД за воведување на вооружување на новата нуклеарна бомба В61-12 може да доведе до негативни последици за безбедноста на земјата, изјави во интервју за Sputnik Теодор Постој – водечки експерт за технологија во ПРО и реномиран професор на МИТ.20150711.cgbshgnpzu

Можноста за воена примена на ова оружје се гради на измислената и чудна идеја дека САД можат да се борат и да победат во нуклеарна војна. Тоа оружје никогаш не би можело да се користи во реална ситуација против држави кои имаат нуклеарно оружје, бидејќи би провоцирале неконтролирана нуклеарна ескалација “- вели Постој.

Sputnik пишува дека планираната програма за модернизирање на нуклеарната бомба В61 во вредност од 11 милијарди долари е најскапото усовршување на бојна глава во историјата. Освен тоа, според Постој, новите чекори по модернизација и надградба на самоуправувачката бомба наскоро ќе доведе до непријатни резултати со несогледливи последици за американските политичари.

“Ова е уште еден пример како програмата за нуклеарна модернизација на САД продолжува да ја поткопува безбедноста на САД и нивните сојузници “- изјавил професорот. Постој предупредува дека употребата на бомби дури и против земји кои немаат нуклеарно оружје може да доведе до политички последици со многу далечни и непредвидливи резултати.

Тој е уверен дека модернизацијата на бомбата ќе ја поткопа безбедноста на САД, бидејќи ќе ги испровоцира другите земји да создадат сопствено стратешко оружје. “Тоа е погрешен сигнал за Русија, веќе изиритирана од постојаниот напредок на САД во областа на нуклеарните способности, и за Кина која се обидува и покрај провокациите да задржи разумни позиции за минимално задржување “- предупредува Постој. Администрацијата на Обама не размислува за потенцијалните дипломатски и стратешки последици од модернизацијата на самоуправувачката бомба, резимира воениот професор.